Во Гламоч елеметарна непогода поради снегот: Глутници волци покрај населени места – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/19 9:07 AM

Во Гламоч елеметарна непогода поради снегот: Глутници волци покрај населени места

ММС, 25.01.2019

Во Гламоч во Федерацијата БиХ деновиве падна околу еден метар снег, а на планините и повеќе, поради што е прогласена елеметарна непогода. Поради височината на снегот и неможноста дивечот да бега во длабоката снежна покривка, забранет е и ловот. Волците како да слушнале за таа забрана, па во потрага по храна, доаѓаат и до населени места, пишуваат медиуми во Бих.

Порталот „Ливно онлајн“ објави и фотографија од читател што видел глутница од осум волци кај Гламоч, од кои успеал да фотографира четири.