Пожар во стан во Скопје, откако претходно во него влегле крадци – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/19 8:42 AM

Пожар во стан во Скопје, откако претходно во него влегле крадци

Фото: Архива

Во општина Кисела Вода синоќа избувнал пожар во стан на улицата „Христо Татарчев”. Станот прво бил ограбен, се’ било претурено, а потоа запален. Повредени нема.

Kомандантот на Противпожарната брига на Град Скопје, Владимир Симоновски  во изјава за Македонската информативна агенција посочува дека се работи за пожар од помал обем бидејќи е оштетена само една соба.

„Добивме дојава во 21.35 часот, по што веднаш интервениравме. Три возила го гаснеа пожарот со осум пожарникари. Ако немаше брза интервенција пожарот можеше да биде катастрофален за зградата“, додава Симоновски.

Опожарени се 20 метри квадратни, а штетата е околу 200 илјади денари.

Пожарот бил пријавен и во полиција.