Повеќе патници на канадски лет хоспитализирани поради мачнини, авионот евакуиран – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/19 8:58 AM

Повеќе патници на канадски лет хоспитализирани поради мачнини, авионот евакуиран

Кандски авион е евакуиран откако патниците се пожалиле на мачнини, а некои од нив имале проблем и со очите.

Пожарникарите морале да го евакуираат авионот на „Ер Трансат” на меѓународниот аеродром “Жан Лезеџ” во Квебек.Според портпаролот на аеродромот,  евакуацијата за вонредна состојба била резултат на бројни патници кои се жалеле на мачнини,откако влегле во авионот.

Десетина патници во авионот рекле дека не се чуствуваат добро само што се качиле во авионот. На авиокомпанијата Air Transat од Квебек до Форт Лодердејл, Флорида, имало 185 патници. Сите патници беа прегледани од докторите.

Петмина од патниците  се однесени во болница.

Во изјавата објавена од страна на авиокомпанијата, вработените тврдат дека инцидентот бил предизвикан од проблем со вентилација во авионот- пишува CTW News.