Гуаидо му нуди амнестија на Мадуро ако помогне за обнова на демократијата во Венецуела – ММС
ММС

Објавено на: 01/25/19 8:24 AM

Гуаидо му нуди амнестија на Мадуро ако помогне за обнова на демократијата во Венецуела

Венецуелскиот опозициски лидер, Хуан Гуаидо е подготвен за аменстија на претседателот Николас Мадуро и негови сојузници ако тие помогнат Венецуела да се врати во демократија. Тој за ова зборуваше во интервју за телевизијата „Унивисион“, што е негова прва јавна изјава откако се прогласи за технички претседател на државата.

Изјавата е дел од интервју што допрва треба да биде емитувано.

Гуаидо кој е претседател на Парламентот, изјави дека амнестијата постои како можност за секој кој е подготвен да помогне за обнова на уставниот поредок во Венецуела.