Откриено колку време ќе паузира Нејмар (ФОТО) – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/19 5:48 PM

Откриено колку време ќе паузира Нејмар (ФОТО)

ПСЖ синоќа го победи Стразбур со 2-0 во осминафиналето на францускиот куп, но навивачите се загрижени поради повредата на Нејмар.

Бразилецот мораше да го напушти теренот во 62. минута поради повреда, а се шпекулираше дека станува збор за истата повреда поради која минатата година мораше да прави долга пауза.

Сепак, „Глобо Еспорте“ објави дека повредата на Нејмар не е сериозна, па Бразилецот ќе се врати на теренот за десетина денови.

Нејмар би требало да има и дополнителни прегледи за да се потврди тежината на повредата, но во секој случај се очекува да заигра во Лигата на шампиони.


Превземено од: sport1.mk