Советот на Општина Гостивар пак со блокади и пречки – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/19 4:53 PM

Советот на Општина Гостивар пак со блокади и пречки

Советот на Општина Гостивар пак со блокади и пречки. На денешната седница Гостиварскиот Совет не го усвои Планот за вработување за 2019-та година на Општина Гостивар.

Планот за вработување за 2019-та година беше прва точка на дневниот ред, но не доби зелено светло од советниците. Советникот од Демократските сили на Ромите Кашмир Салиу побара целата 11 седница да биде одложена, па потоа го повлече својот предлог.

Салиу кој беше клучен за обезбедување на мнозинство во советот што го предводи ДУИ  ја напушти седницата.Иако планот за вработување беше одложен, за оваа точка од дневниот ред никој не се јави за дискусија

 Од присутните 27 членови на Советот, за гласаа 13 од партиите кои ја поддржуваат локалната власт, што не беше доволно документот да биде усвоен.

На седницата беа усвоени програми за работа на јавни претпријатија за Финансиски извештај на ЈП „Градски паркинг и зеленило”,  Програма за уредување на градежно земјиште, Листата на приоритетни проекти за уредување и изградби на локални улици и патишта за 2019 година и други.