Сагата на петгодишиот Ибн: 7 часа оставен сам во автобус – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/19 4:02 PM

Сагата на петгодишиот Ибн: 7 часа оставен сам во автобус

Петгодишно момче беше оставено во школскиот автобус седум часа откако возачот, наводно, ги игнорирал предупредувањата од другите ученици дека Ибн сеуште е во автобусот.

Ибн Полк заспал во автобусот додека се возел на патот кон градинка Линден Хил во Пајк Крик, Делавер.

Додека другите ученици излегле од автобусот, Ибн сè уште изгледал како да спие.

Безбедносните снимки покажуваат дека учениците се обидувале да го предупредат возачот на автобусот дека Ибн се уште спие на едно од седиштата – објавија медиумите.

Но возачот ги игнорирал предупредувањата на учениците, и продолжил да вози до дворот на градинката.

-Петгодишниот Ибн Полк вели дека не сака да се вози во школски автобус бидејќи бил преплашен кога се разбудил и сфатил дека е сам – објави ABC.

Родителите бараат одговор.

Претставници од “Red Clay School District” рече дека има процедури што возачот на автобусот не ги следел. Возачот на автобусот е отпуштен веднаш од училиштето.