Расчистен е случајот со нападот врз новинарката на Канал 5, Мирјана Мирчевска за време на фрањето на крстот во Скопје за време на Водици. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска од Валандово одговори дека е поднесена соодветна пријава против лице со иницијали Л.Т. Кое не овозможил на новинарката да ја изврѓува својата работа
„Имаме утврден идентите на лицето што е сторител. Станува збор за лицето ЛТ од Скопје против кого е поднесена соодветна пријава. Сакам да напоменам дека од 1 јули 2017 година сите напади врз новинарите се расчистени и против сторителите се поднесени пријави. За овој случај се повикани многу луѓе како сведоци. Последните двајца беа повикани вчера се заврши разговорот и денеска е поднесена пријава“, рече министерот Спасовски.
Новинарката на Канал 5, Мирјана Мирчевска во саботата реагираше дека за време на фрлањето крст во Скопје била нападната и оневозможена од страна на обезбедувањето да си ја врши работата. Таа во моментот кога сакала да земе изјава од момчето кое го фати крстот настанало влечење, туркање и пцости кон новинарските екипи а таа заработила повреди на раката и вратот.


