Регистрирани се три нови случаи на морбили од Тетово и тетовско – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/19 2:33 PM

Регистрирани се три нови случаи на морбили од Тетово и тетовско

Регистрирани се три нови случаи на морбили од Тетово и тетовско, Тројцата пациенти се пратени на скопските клиники, за натамошни истражувања.

Од Инфективното одделение велат дека нема место за паника за да се прогласи епидемија, треба да се јават повеќе случаи на заболени од Морбили и тие да се од едно место.

Но, сепак за тоа треба да одлучи Центарот за јавно здравје и Министерството за здравство. Првиот случај на заболени од мали сипаници е регистриран на 19 јануари. Двајца од пациентите најпрво биле примени во Инфективното одделение во Тетово, а третиот е директно однесен во Скопскиот клинички цетнар, каде на сите пациенти, треба да им се направат дополнителни испитувања.

Најмалиот пациент има околу 2 години. Докторите и овој пат повторија дека заразните болести како морбилите, се резултат на непримањето на МРП вакцината.

Последен пат во Тетово имало случаи на заразени од морбили пред 5 години .