Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го избегна одговорот на прашањето од новинарите,дали размислува за себе како можен кандидат за Претседател на државата.
,,Утре на седница на Централниот одбор на партијата ќе го отвориме и разгледаме оваа прашање од сите можни аспекти.Јас лично размислувам , како целиот тој процес да го реализираме,размислувам каква дебата да водиме во рамките на партијата и тоа прашање ќе го отвориме првично во партијата а понатаму и во јавноста.”изјави денеска во Валандово,Спасовски
Тој додава дека и како потпретседател на Влада и како потпретседател на партијата има одговорност да размислува да се избере кандидат за претседател каков што очекува најголемиот дел од граѓаните.


