Едно лице повредено во престрелка во Маџари – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/19 1:20 PM

Едно лице повредено во престрелка во Маџари

Едно лице е повредено во оружена престрелка што се случи денеска во скопската населба Маџари.

Според првичните информации, повредено лице не е во животна опасност. Другото лице кое учествувало во престрелката е приведено.

До престрелката дошло поради нивно меѓусебно недоразбирање.