Поради екстремни жештини во Австралија умираат многу животни(видео+фото) – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/19 1:37 PM

Поради екстремни жештини во Австралија умираат многу животни(видео+фото)

Повеќе од една недела во Австралија има бран на екстремни жештини, највисоките дневни температури достигнуваат скоро 50 степени целзиусови, а екстремните температури и суши доведоа до масовно изумирање на животните.

Овие температури рушат рекорди – Минатата недела беа пет дена меѓу десетте најжешки во историјата на Австралија.

Медиумите објавија дека повеќе од еден милион мртви риби биле исфрлени на бреговите на реката,и дека топлината за само два дена убила дури една третина од лилјаците во Нов Јужен Велс.

Топлината исто така допринела за дехидрирање и изумирање на диви коњи.

https://youtu.be/VMp5aYZCFxU