Грчката полиција ги спречи земјоделците да го затворат патот за Бугарија – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/19 1:23 PM

Грчката полиција ги спречи земјоделците да го затворат патот за Бугарија

Полицијата ја блокира крстосницата  на дел од магистралата за Солун во насока на граничниот премин ,,Промахон“ и не дозволува  на грчките фармери со земјоделските машини да го затворат патот,пренесува бугарската агенција Фокус.Пред тоа беше соопштено дека  тие  имаат намера оваа година да организираат затварање на граничниот  премин кон Бугарија.Првично беше најавено  дека протестот ќе им биде симболичен.

Брзата реакција на грчката полиција засега ги одвраќаат обидите , тешката земјоделска механизација  да излезе на магистралниот пат за Бугарија.