Доказ за тоа колку Меси ѝ значи на Барселона – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/19 12:52 PM

Доказ за тоа колку Меси ѝ значи на Барселона

Барселона синоќа доживеа пораз во гости од Севилја со 0-2 во првиот меч од четвртфиналето во шпанскиот куп, а Каталонците играа без Лионел Меси.

Интересно е тоа што Каталонците сезонава одиграа осум натпревари без Аргентинецот, а ова им беше втор пораз. Ист број порази имаат и во натпреварите во кои Меси беше тука, само што бројот на натпревари е многу поглем, односно 24 дуели.

Барселона наредниот меч го игра во недела против Џирона и треба да се очекува Аргентинецот да биде на фудбалскиот терен.

Меси во текот на сезоната одигра 24 натпревари во сите натпреварувања и постигна 25 голови и 14 асистенции.

Превземено од: supersport.mk