Шпанските медиуми пишуваат дека Иско не сака да го напушти Реал Мадрид, но подготвен е да замине од „кралскиот клуб“, доколку Сантијаго Солари остане тренер и по завршувањето на сезоната.
За Иско се заинтересирани Манчестер сити, Интер, Јувентус, ПСЖ, а Шпанецот сака и наредната сезона да остане на „Сантијаго Бернабеу“, но има еден услов, а тоа е заминување на Солари.
Поради конфликт со аргентинскиот стратег, шпанскиот фудбалер одигра само 491 минута за првиот тим.
Според светските медиуми, најсериозен за неговите услуги е Сити, кој е подготвен да понуди 86 милиони евра.
Превземено од: supersport.mk