Иско се закани: Ќе остане во Реал Мадрид, но само под еден услов – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/19 11:50 AM

Иско се закани: Ќе остане во Реал Мадрид, но само под еден услов

Шпанските медиуми пишуваат дека Иско не сака да го напушти Реал Мадрид, но подготвен е да замине од „кралскиот клуб“, доколку Сантијаго Солари остане тренер и по завршувањето на сезоната.

За Иско се заинтересирани Манчестер сити, Интер, Јувентус, ПСЖ, а Шпанецот сака и наредната сезона да остане на „Сантијаго Бернабеу“, но има еден услов, а тоа е заминување на Солари.

Поради конфликт со аргентинскиот стратег, шпанскиот фудбалер одигра само 491 минута за првиот тим.

Според светските медиуми, најсериозен за неговите услуги е Сити, кој е подготвен да понуди 86 милиони евра.

Превземено од: supersport.mk