Поранешни функционери од ДУИ се заканувале на СЈО – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/19 11:21 AM

Поранешни функционери од ДУИ се заканувале на СЈО

На судењето за изборни нерегуларности на Локалните избори во 2013 година „Титаник 3″, специјалната обвинителка Фатиме Фетаи открила дека му се заканувале на нејзиниот колега, Гаврил Бубевски.

Адвокатот на Ејуп Алими, Мефаил Арслани, прво рекол дека се поревносни од СЈО бидејќи обезбедиле докази дека сведокот се наоѓа во Германија, каде е мажена и со адреса на живеење.

Бубевски искоментирал: „Да, добри сте и кога ми се заканувате“, пренесе СДК.мк.

„Кој ви се заканувал“, праша адвокатот.

Тогаш, Фетаи му рече на адвокатот: „Па ти беше тој што ми ја пренесе заканата дека ’ти си наша ти, може лесно да поминеш, ама на тој каурот ќе му ја расплачеме фамијата’“.

Судењето се одложи за 22 февруари со цел да се вложат дополнителни напори за обезбедување на еден од клучните сведоци во постапката предложен од СЈО.

Во „Титаник 3″ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.