Штрк зимува во Братунац, сите во гратчето се грижат за него – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/19 9:27 AM

Штрк зимува во Братунац, сите во гратчето се грижат за него

ММС, 24.01.2019

Сликата е нестварна, како да гледате сцени од цртан филм додека на живо гледате штрк како гази во длабокиот снег во центарот на Братунац. Иако е витален и здрав, тој минатиот август не одлетал во топлите краишта во Африка, туку останал, пишува белградски „Блиц“.

Прво се стационирал покрај Дрина, а, откако почнаа зимските температури и снегот, дошол во гратчето. Одлично се снашол и нашол грејно тело да се грее на студот. Се сместил на еден столб во училишниот двор, каде во текот на ноќта грее, а и топли, светилка од уличното осветлување. Братунските деца му дале и име на несекојдневниот зимски миленик – Снежана, пради снегот. Снежана станала атракција и миленик и на возрасните братунчани, па секојдневно, заедно со децата, ја обезбедуваат со храна.

Поради климатските промени, во последните години и на други места во регионот може да се сретнат штркови што „заборавиле“ дека зимата треба да ја минат во потопли краишта.