ИСТРАЖУВАЊЕ: Мнозинството Хрвати би ги забраниле и усташките и комунистичките симболи – ММС
ММС

Објавено на: 01/24/19 9:19 AM

ИСТРАЖУВАЊЕ: Мнозинството Хрвати би ги забраниле и усташките и комунистичките симболи

ММС, 24.01.2019

Обемно истржување што го спроведоа професори од Факултетот за политички науки во Загреб покажа дека меѓу хрватските граѓани постои тенденција да се забранат и усташките и комунистичките симболи, пишуваат хрватски медиуми. Факултетот за политички науки од 2016 до 2018 година спровел истражување за говорот на омраза на репрезентативен примерок од 1.000 луѓе.

Освен што хрватските граѓани претежно се склони на забрана на говорот на омраза и на заговарање насилство, сакаат да се забранат обележјата на нацистичките и комунистичките режими. За законско казнување на истакнување на комунистички се 45, а 80 отсто се за казнување за истакнување на фашистички и усташки симболи.

Истакнувањето на комунистичкиот поздрав „Смрт на фашизмот, слобода на народот“ законски би го санкционирале 46 отсто од испитаниците, додека 49 отсто законски би го санкционирале усташкиот поздрав „За дом спремни“. Мнозинството анкетирани се изјасниле дека не се ни за споменици посветени на НОВ и на НДХ…