Утре нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов студен и влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег, соопштуваат од УХМР. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови, а заради заладувањето и во некои пониски места ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20см. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и суво, а во недела ќе има и услови за магла по котлините.
Објавено на: 01/24/19 9:13 AM


