Експертот од Европската Унија, Маурицио Варанезе и претставник од Одделот надлежен за Македонија од Европската Комисија, Клое Лауренс Динсдел денеска ќе престојуваат во Собранието на Република Македонија.
Тие ќе имаат средба со членовите на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинска Управа и Министерство за одбрана – соопшти денеска собраниската прес служба.


