Остров на кој може да има само 400 туристи – ММС
ММС

Објавено на: 01/23/19 6:18 PM

Остров на кој може да има само 400 туристи

Кога станува збор за Австралија, веднаш помислуваме на кенгурите, коалите, операта, но забораваме дека Австралија има прекрасни острови за посета.

Ако имате доволно пари да ја видите дестинацијата која е недопрена и која има многу мал број туристи, тогаш треба да го посетите островот Howe .

Сместен е 700 километри североисточно од Сиднеј, а вкупната популација не надминува 380 луѓе.

Во 1982 година, УНЕСКО го наведе овој остров на списокот на светско наследство, а посебно е тоа што според законот, може да се сместат само 400 туристи.

Тиркизната боја е идеална за пливање, нуркање и уживање во спортови на вода, а самиот остров е создаден поради вулканска активност пред 7 милиони години. Има многу пештери, планини и совршени плажи во средината на Пацификот.

Посетата на овој остров е доста скапа, а најинтересно е дека пристапот до интернет е ограничен, а сигнал за мобилниот не постои.