Наместо на решенија за намалување на аерозагадувањето, прилепчани се сведоци на партиски препукувања. Пет дена откако нивниот град беше со најзагаден воздух во земјава, опозицијата обвини дека градоначалникот Илија Јовановски нема план за почист воздух.
Виктор Здравески од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп предлага за решавање на проблемот, во основните и средните училишта во Општината, да се набават прочистувачи на воздухот.
Од СДСМ пак возвратија, дека токму претходната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ не направила ништо во борбата против загадувањето на воздухот.
Првиот човек на општината, Јовановски тврди дека не може да преземат ништо додека трае тримесечниот тест период на мерната станица.


