Официјално: Барселона ја доби битката за најбараниот играч од средниот ред – ММС
ММС

Објавено на: 01/23/19 5:23 PM

Официјално: Барселона ја доби битката за најбараниот играч од средниот ред

Од таборот на Барселона штотуку го потврдија трансферот на играчот на Ајакс, Френки Де Јонг.

Младиот фудбалер од средниот ред за кого сериозен интерес имаше од Манчестер Сити и ПСЖ ќе се приклучи на Каталонците од 1 јули наредната година.

Френки Де Јонг потпиша петгодишен договор со Барселона кој ќе го задржи на „Камп Ноу“ до 2024 година, а Каталонците на Ајакс ќе му исплатат сума од 75 милиони евра плус дополнителни 11 милиони евра во вид на бонуси.

Превземено од: supersport.mk