Во Тетово беа презентирани 5 иновативни решенија за намалување на аерозагадувањето. Иновациите се финансирани од Фондот за иновации и технолошки развој.
Меѓу проектите кои беа подржани од Фондот за иновации и технолошки развој, беа еколошкиот велосипед кој ќе ги апсорбира штетните честички од воздухот.
Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, вели дека целта на овој проект е иновативните решенија да се користат од населението со цел намалување на аерозагадувањето.
На презентацијата беа Заменик министерот за животна средина и градоначалничката на Тетово Теута Арифи, кои го поздравија проектот и истакнаа дека нивните институции работат на намалување на аерозагадувањето.
Тетово и деновиве е меѓу најзагадените градови во Македонија, чија концетрација на штетните ПМ десет честички, се и за до 4 пати повисоки од макисмалните граници.