Во Тетово беа презентирани 5 иновативни решенија за намалување на аерозагадувањето – ММС
ММС

Објавено на: 01/23/19 5:05 PM

Во Тетово беа презентирани 5 иновативни решенија за намалување на аерозагадувањето

Во Тетово беа презентирани 5 иновативни решенија за намалување на аерозагадувањето. Иновациите се финансирани од Фондот за иновации и технолошки развој.

Меѓу проектите кои беа подржани од Фондот за иновации и технолошки развој, беа еколошкиот велосипед кој ќе ги апсорбира штетните честички од воздухот.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, вели дека целта на овој проект е иновативните решенија да се користат од населението со цел намалување на аерозагадувањето.

На презентацијата беа Заменик министерот за животна средина и градоначалничката на Тетово Теута Арифи, кои го поздравија проектот и истакнаа дека нивните институции работат на намалување на аерозагадувањето.

Тетово и деновиве е меѓу најзагадените градови во Македонија, чија концетрација на штетните ПМ десет честички, се и за до 4 пати повисоки од макисмалните граници.