Крис Браун со противтужба за жената што го обвини за силување – ММС
ММС

Објавено на: 01/23/19 4:44 PM

Крис Браун со противтужба за жената што го обвини за силување

Крис Браун планира да ја тужи 24-годишната жена за клевета, која го обвини дека ја силувал. Славниот пејач ги негира сите обвинувања, потврди неговиот адвокат Рафаел Чиче  за магазинот Е. Адвокатот исто така, изјавил дека тужбата била напишана и дека денеска ке ја достави до судот.

Крис Браун беше ослободен вчера без кауција, и е слободен  да ја напушти земјата кога сака.Властите најавија дека истрагата се’ уште не е завршена.

На социјалните мрежи Браун напиша: Сакам да разјаснам….Сето тоа се измисленици и глупости. НИКОГАШ…!!!! За мојата ќерка и моето семејство ова е непочитувачки и против мојот карактер и морал“, напиша Браун