Штипско Ново Село ќе добие уште еден музеј ,,Етно-центар“ за промовирање и зачувување на културното наследство и традиции.Проектот ќе се финансира од фондовите на Европската Унија а општината ќе учествува со 10% од вкупната сума од 832.000 евра.

Овој Етно-центар всушност ќе го сочинуваат четирите куќи кои што општината ги доби од д-р Жан Митрев и кои што во моментов се само руина и потенцијална опасност за жителите во оваа населба.Неофицијално ќе се обновува секоја куќа посебно со запазување на нивниот автентичен изглед од пред целосното уривање.Внатре ќе се бидат поместени предмети ,парчиња мебел, покуќнина ,карактеристични од периодот на нивното градење,се со цел зачувување на автентичната Новоселска староградска архитектура.
Од општината информираат дека од нивна страна документацијата е комплетно подготвена,а ја имаат потребната дозвола од Заводот Музеј.Останува уште да се потпише договорат за да почнат работите.

Новоселци се надеваат дека овој проект ќе се реализира, откако претходниот не успеа ,токму поради пропусти во документацијата.Општината почна да ги руши куќите но, Заводот Музеј ја стопира оваа активност,по што куќите една по една почнаа самите да паѓаат секој ден претставувајќи опасност по животите на жителите.
Директорот на Заводот Музеј, Мите Штерјов, смета дека на Штип не му треба уште еден музеј кога немаат средства да ги одржуваат постоечките, но го поздрави проектот бидејќи се што се прави за градот е добредојдено.Дали до крај ќе се опстои на идејата куќите да имаат само функција на музеј или ќе добијат и некоја друга функција ,како на пример да се адаптираат соби за престој на туристи или да служат за одржување на креативни работилници, ќе покаже времето.
Всушност такви беа и првичните размислувања за намената на овие куќи кога ги купи д-р Жан Митрев.Административните бариери си го направија своето а не се реализира ниту намерата тие да бидат подарени на Универзитетот Гоце Делчев и во нив по реконструкцијата да бидат сместени некои од уметничките факултети.


