СДСМ со писмено соопштение реагираше на прес конференцијата на пратеникот Ѓорчев, кој денеска се пријави на партискиот оглас за претседателски кандидат.
Владимир Ѓорчев е првиот кандидат кој јавно обелодени дека сака да застане рамо до рамо со Христијан Мицкоски, против ЕУ и НАТО, да тргне по антизападните стапки на Груевски и Иванов – велат од СДСМ.
„Повеќе од 20 години Ѓорчев е дел од ВМРО-ДПМНЕ. Денес молчи за антидржавното и антизападното однесување на неговиот шеф, Мицкоски. Можеби Јанко Бачев ќе биде еден од кандидатите? На Македонија и нејзините граѓани не и’ е потребна уште една антизападна марионета на Никола Груевски и Христијан Мицкоски, не им е потребен уште еден партиски полтрон кој наместо интересите на државата ќе сее омраза и поделби заради одбрана на злоделата и криминалите на ВМРО-ДПМНЕ.Граѓаните ќе изберат вистински претседател кој ќе ги штити нивните интереси и застане со прогресивните, демократски сили во земјава, за обезбедување на иднината, за напредок, за полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО“, додаваат социјалдемократите.


