На прес конференција во салата на Собранието на Република Македонија, Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ ја објави својата кандидатура за претседател на РМ. При тоа понуди повеќе аргументи.
-Поседувам искуство, мотивација, знење, чесност, лојалност… Ја знам цела Македонија, сите општини, села, населби, улици..Во наредните 3 месеци ќе појдам секаде, кај граѓаните, кај оние што демократски ме верификувале. Оваа апсолутистичка власт треба да има баланс, рече Ѓорчев.
Ѓорчев се обрати и до Албанците – „раката е подадена,заедно живееме, заедно да си помогнеме за подобар живот“, порача.
Имаше порака и до кандидатите на СДСМ – „ве чекам јас и 500.000 разочарани и излажани граѓани“, рече Влатко Ѓорчев.


