Вера Љубојна: Се радуваме на новиот почеток и се бориме со загадениот воздух (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 01/23/19 2:02 PM

Вера Љубојна: Се радуваме на новиот почеток и се бориме со загадениот воздух (ВИДЕО)

Скопското студио на Канал 77 денеска се наполни со една посебно убава енергија, со потписот на Вера Милошевска Јосифовска или едноставно и природно- Вера Љубојна.

„Вртевме“ генерално музички муабети, но го споменавме и „озборувавме“ и загадениот воздух како еден исклучително страшен, а моќен непријател. Добивме одговор на прашањето како таа лично се бори или би се борела загадувањето гога би ја имала моќта во свои раце.

Ги анализиравме и музичките задачи и „борби“. Се согласивме дека со моќта на уметникот постојано да задава задачи и наоѓа решенија, како создавач и творец, расте и тој и целата идеја на она што сака да го извади како музика од себе.

На самиот старт на февруари, Љубојна ќе одговори на предизвикот, нивната раскошна музичка приказна да се организира на еден сосем поинаков, нов начин, кој ќе значи и нов, радосен почеток на нов циклус.

Она што нејзината екипа го носи со себе како автентичен печат, израз и музички пристап, ќе се сплоти со целиот оркестар на Македонската филхармонија, со Џијан Емин на позиција-диригент.

Резимираше дека концертот на 1. февруари ќе биде еден вид на подарок за фановите. Иако така голем, со вклученост да толку многу музичари, сепак ќе има интимен предзнак.

Повеќе детали од денешното гостување во Радио Мрежа Канал 77, можете да слушнете во видео извадоците во прилог.