Пакистанско момче ја обвини полицијата за убиството на неговото семејство – ММС
ММС

Објавено на: 01/23/19 1:40 PM

Пакистанско момче ја обвини полицијата за убиството на неговото семејство

Неколку часа откако тој го изгуби своето семејство, во пукање , деветгодишно момче од Пакистан ја обвини полицијата за прикривање на тоа што всушност се случило.

Високо обучените контратеррористички сили тврдеа дека убиле четворица “терористи” поврзани со групата Исламска држава југозападно од Лахоре.
Три други “терористи”, избегале од местото на настанот, на периферијата на градот Сахивал, на мотор.

Но, Умаир Калил почнал да разговара со новинарите во болница – и приказната која тој ја раскажувал била многу поинаква.

Тој рече дека неговото семејство патувало од Лахоре на венчање на член на семејството во автомобил управуван од пријател на неговиот татко, кога тие биле запрени од полицијата на патарина.

“Мојот татко им рече да ги земат нашите пари, и да не пукаат, но тие почнаа да пукаат” – рече Умаер.

Неговите родители, кои имаа продавница за намирници, беа убиени заедно со неговата 12-годишна сестра и семејниот пријател кој возел.