Родител обвинува дека Инстаграм е делумно одговорен за самоубиството на неговата ќерка (Видео) – ММС
ММС

Објавено на: 01/23/19 1:11 PM

Родител обвинува дека Инстаграм е делумно одговорен за самоубиството на неговата ќерка (Видео)

Четеринаесет годишната Моли Расел, посегна по сопствениот живот во 2017 година. Кога нејзиното семејство го погледна нејзиниот профил на Instagram, пронајдоа вознемирувачки материјал за депресија и самоубиство.

Таткото на Моли верува дека Инстаграм е делумно одговорен што неговата ќерка се самоубила.

Инстаграм изјави дека “не дозволува содржини кои промовираат или прославуваат самоповредување или самоубиство и ќе ги отстранат содржините од овој вид”.

Владата на Велика Британија апелира до социјалните мрежи да преземат поголема одговорност за штетни онлајн содржини кои ги илустрираат и промовираат методите на самоубиство и самоповредување.