Четеринаесет годишната Моли Расел, посегна по сопствениот живот во 2017 година. Кога нејзиното семејство го погледна нејзиниот профил на Instagram, пронајдоа вознемирувачки материјал за депресија и самоубиство.
Таткото на Моли верува дека Инстаграм е делумно одговорен што неговата ќерка се самоубила.
Инстаграм изјави дека “не дозволува содржини кои промовираат или прославуваат самоповредување или самоубиство и ќе ги отстранат содржините од овој вид”.
Владата на Велика Британија апелира до социјалните мрежи да преземат поголема одговорност за штетни онлајн содржини кои ги илустрираат и промовираат методите на самоубиство и самоповредување.


