Царовска: Оперативниот план за вработување ќе биде проширен и продолжува во 2019 година – ММС
ММС

Објавено на: 01/23/19 11:55 AM

Царовска: Оперативниот план за вработување ќе биде проширен и продолжува во 2019 година

Само вработувањето и отворањето сопствен бизнис е голем предзвик за преработувачката индустрија, градежништвото, трговијата на големо и мало како и за бизнисите со услужни дејности.

Бројките покажуваат најголем интерес за отворање сопствен бизнис токму во овие сектори, според оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазар на труд за 2018 година, велат од Агенцијата за вработување. Со овој план се воспостави и родова еднаквост, а како посебно достигнување министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ја истакна програмата за практиканство.

„Со оваа програма беа вклучени 1263 невработени лица до 34 години. Со оваа мерка видовме дека дава високи резултати токму затоа ја преточивме во закон кој што моментално е во собраниска процедура, и беше по барање на бизнис секторот и се надеваме дека ќе даде поголема можност за доквалификација и работно устручување за младите лица во Република Македонија. И втора специфична мерка која што и за прв пат беше пилотирана тоа е Младинската гаранција во која беа вклучени 5266 лица од кои 2694 беа жени и 1839 или 35% од нив се вработија по четири месеци од вклучувањето во Агенцијата за врабтување“, вели министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Билјана Јовановска директорка на Агенцијата за вработување, истакна дека интересот за учество бил голем, а посебен интерес имало во мерките за самовработување и сопствен бизнис.

„Преку мерката за субвензионирање на плати  се вработија 759 лица, а преку учество во мерката вработување и раст на правни проекти беа вработени 347 лица. Во обуките за побарување занаети учествуваа 100 лица, а во обуките за побарувања и занимања учествува 259 лица. Голем беше интересот за невработените лица за учество во обуките за стекнување на компјутерски вештини каде учествуваа 139 лица, а во обуките за стекнување на напредни ИТ вештини, учествуваа 100 лица“, изјави  Билјана Јовановска, директорка на Агенцијата за вработување.

Оперативниот план предвиден за 2019 година се проширува наместо само во неколку градови, ќе биде спроведен во три региони во нашата земја, за реализација на овој пилот проект за 2018 година биле потрошени скоро 1 милијарда денари.