Автомобил удрил пешак и паркиран автомобил во Кавадарци – ММС
ММС

Објавено на: 01/23/19 10:10 AM

Автомобил удрил пешак и паркиран автомобил во Кавадарци

Триесет годишниот  А.М од Кавадарци е повреден откако во него вчера удрил автомобил „Опел Астра“,  управуван од исто така триесет годишен кавадарчанец. А.М се движел во центарот на градот, а возилото удрило и во паркиран автомобил, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

„Вчера околу 17.00 часот на ул. „Илинденска“ во Кавадарци се случи сообраќајна незгода во која  патнички автомобил марка „Опел астра“ со кавадаречки регистарски броеви управуван од З.Р.(30) од Кавадарци удрил во пешак А.М.(30) од Кавадарци и во паркирано возило марка „Даеву ланос“ со кавадаречки регистарски броеви. Во незгодата е повреден пешакот кој по укажаната лекарска помош во Општата болница – Кавадарци е пуштен дома“ вели Додевски.

На местото на незгодата увид извршила кавадаречката полиција.

Ангел Данов