Полицијата излезе со последна вест за исчезнатото рекордно засилување на Кардиф, се јави и Раниери (Фото) – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/19 6:53 PM

Полицијата излезе со последна вест за исчезнатото рекордно засилување на Кардиф, се јави и Раниери (Фото)

Фудбалската јавност ова утро беше потресена од една ужасна вест која ни пристигна од Англија и Франција, бидејќи полицијата набрзо ги потврди информациите за исчезнатиот авион во кој се наоѓало рекордното засилување на англискиот премиерлигаш Кардиф.

Емилијано Сала бил сам во авионот во друштво на еден пилот, а леталото се изгубило од мапата и радарите некаде по полноќ, по што му се губи секаква трага. Претпоставките се дека авионот во кој се наоѓал Аргентинецот доживеал пад во водите на Ла Манш кај Нормандските Острови, но сепак до овој момент се уште нема никакви официјални информации за тоа што точно се случило со леталото.

Последната вест која ни доаѓа од полицијата е таа дека потрагата во која учествуаа хеликоптери, бродови и локални чамци е прекината поради стемнување, па планот е истата да продолжи рано наутро на изгрејсонце. Веста за исчезнатиот играч кој Кардиф го купи за 15 милиони фунти од Нант ја потресе целата јавност, а последен се јави и Клаудио Раниери кој соработуваше со Аргентинецот во францускиот клуб.

– Уништен сум од вестите кои ги слушнав, Емилијано е фантастична личност. Тој е борец. Фудбалскиот свет е обединет и сите чекаме позитивни вести. Се молам за Емилијано и неговото семејство, – порача Раниери.

Превземено од: derbi.mk