Околу 300 милиони денари ќе и’ бидат потребни на Државната изборна комисија за да ги спроведе претстојните претседателски избори. Ова истовремено, се првите избори за кои ДИК согласно новите измени на Изборниот законик, е обврзана да ги следи електронските медиуми. Претседателот на Комисијата, Оливер Дерковски вели дека веќе изготвуваат и методологија за таа цел:
„Подготовките се веќе во напредна фаза. Очекуваме рапсишување, за да почнат законските рокови за сите останати дејствија согласно Изборниот законик“.
Дерковски тврди дека тие се подготвени да спроведат и предвремени парламентарни избори, доколку евентуално бидат распишани:
„Доколку се предвремени, се кратат роковите за сите дејствија. Ние секако се спремаме, па нема да ни претставува проблем организација и на такви избори“.
Претседателските избори, собранискиот спикер Талат Џафери ќе ги рапсише на 8-ми февруари. Претседателските избори ќе бидат закажани на 21-ви април, а доколку има втор круг, електоратот ќе може да гласа на петти мај. Мандатот на актуелниот претседател Иванов пак, истекува на 12 мај.


