Беше голем талент на Реал Мадрид, па се уништи во ПСЖ и сега се сели во Италија – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/19 5:41 PM

Беше голем талент на Реал Мадрид, па се уништи во ПСЖ и сега се сели во Италија

Фудбалерот кој беше претставен како голем талент на Реал Мадрид, Хесе заврши во ПСЖ за 25 милиони евра, а по неколку неуспешни позајмици за Стоук и Лас Палмас, тој се врати во Париз, каде што нема место за него.

Италијанските клубови се заинтересирани за Хесе, а наводно Торино е најблиску до неговиот потпис, како и Парма и Фросиноне.

Хесе беше во центар на внимание и поради други причини, како што беше тоа кога плати 5.000 евра за да се елиминира неговата поранешна девојка од ријалити.

Превземено од: supersport.mk