Надал без загубен сет обезбеди полуфинале на Австралијан Опен (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/19 5:37 PM

Надал без загубен сет обезбеди полуфинале на Австралијан Опен (ВИДЕО)

Шпанецот Рафаел Надал игра во одлична форма, а тоа го покажа и на денешниот меч на Австралијан опен, откако го совлада Франсес Тиафо со 3-0 во сетови (6-3, 6-4 и 6-2).

Надал го доби натпреварот за еден час и 50 минути, па така ја продолжи својата серија со победи, откако претходно ги совлада Дакворт, Ебден, Бердих и Тиафо.

Нареден ривал на Шпанецот ќе му биде Гркот Стефанос Циципас, кој направи сензација во Мелбурн и претходно го елиминираше Роџер Федерер.

Превземено од: supersport.mk