Тајван: Спасувачки тимови го најдоа безживотното тело на Џиџи Ву, но не можат да стигнат до него – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/19 6:39 PM

Тајван: Спасувачки тимови го најдоа безживотното тело на Џиџи Ву, но не можат да стигнат до него

Тајванските спасувачки тимови се обидуваат да дојдат до телото на туристката Џиџи Ву, која стана позната на социјалните мрежи по нејзиното искачување на планински врвови и правење селфија во бикини.

Џиџи Ву – наречена „Бикини качувач” од фановите – во саботата употреби сателитски телефон за да им каже на пријателите дека паднала по клисура во тајванскиот национален парк Јусан и дека била сериозно повредена. Спасувачките хеликоптери се обидуваа да ја најдат побргу поради студеното време, но го пронајдоа само безживотно тело на девојката.

Се смета дека триесет и шестгодишната жена починала од хипотермија.