Авионот на Сала бил непогоден за претстојниот лет – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/19 4:46 PM

Авионот на Сала бил непогоден за претстојниот лет

Денес стана јасно дека за летот се користел „Пајпер Малибу“. Тоа е авион со еден мотор, а експертите велат дека растојание од повеќе од 500 километри не може да се помине со авион со еден мотор.

Шпекулациите за исчезнувањето на аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала не запираат. Играчот го напушти Нант во насока на Кардиф, а тимот од Велс плати рекордни 15 милиони фунти на францускиот тим за неговите услуги.

Откако се поздравил со своите поранешни соиграчи во Нант, Сала се упатил кон аеродромот во градот, од каде приватен авион требало да го однесе директно во Кардиф. Меѓутоа, околу 22,30 часот, авионот исчезнал од радарот некаде околу Ла Манш, а засега не е пронајдена трага од него.

Денес стана јасно дека за летот се користел „Пајпер Малибу“. Тоа е авион со еден мотор, а експертите велат дека растојание од повеќе од 500 километри не може да се помине со авион со еден мотор, пренесоа медиумите на Островот.

Полицијата во Франција официјално објави дека Сала бил во авионот. Пилотот објавил проблем кога авионот бил на 5.000 метри над земјата, а последната врска била направена на малку под 2.800 стапки, кога целосно прекинала врската со авионот

Превземено од: МИА