Лидерот на ДУИ Али Ахмети смета дека не е време за предвремени избори – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/19 4:41 PM

Лидерот на ДУИ Али Ахмети смета дека не е време за предвремени избори

Лидерот на ДУИ Али Ахмети смета дека не е време за предвремени избори, затоа што овој процес би го загрозило што поскорото зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ.

Ахмети додаде дека неговата партија е подготвена за избори, но смета дека не е време за тоа, затоа што државните интереси се поприоритетни од партиските   

-Ние како партија сме подготвени за предвремени избори, и ако се одржат ќе победиме. Но морам да кажам дека не е време за избори. Ние како општество имаме други приоритети, а тоа е што поскоро членство во НАТО и ЕУ. Не можеме да им дадеме приротет на партиските интереси пред интересите на Македонија, а тоа е зачленување во НАТО и ЕУ, рече Ахмети

Ахмети одговори и на новинарско прашање поврзано со законот за јазици кој е пратен на разгледуавње во Венецијанската комисија.

-Да законот е пратен до Венецијанската комисија. Таму е однесен дел од договорот од законот за јазици. Не би требало да се зборува за ова, кога веќе е донесен законот, и истиот не може да се укине, затоа што за тоа би требало да се обезбеди бадентер, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ одговараше на новинарски прашање по остварената средба со преставници од движењето Анти Коцкање.