И ДУИ го поддржува предлог законот за игри на среќа предложен од движењето Анти коцкање – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/19 4:36 PM

И ДУИ го поддржува предлог законот за игри на среќа предложен од движењето Анти коцкање

И ДУИ го поддржува предлог законот за игри на среќа предложен од движењето Анти коцкање. Денеска лидерот на ДУИ Али Ахмети во седиштето на партија оствари средба со движењето.

Ахмети порача дека предлог законот е добар, и истиот ќе го подржат неговите сопартијци во собранието .

 -Коцкањето е лошо за нашето општество, затоа ние го подржуваме предлог законот за игри на среќа, предложен од движењето Анти Коцкање. Како што за ова движење беа отворени вратите од сите институции, така и ДУИ е отворена за нив. Ние оваа војна ќе ја водиме заедно, затоа што семејството е најважно. Апелираме до сите оние кои профитираат од казината и обложувалниците да се држат понастрана од училиштата и институциите, да не ги отвораат објектите кои приредуваат игри на среќа до нив. Јас и сите од ДУИ ќе го подржиме движењето Анти  Коцкање, и ќе се донесе закон кој ќе биде добар за сите,  рече Ахмети .

Од Движењето Анти Коцкање искажаа задоволство од остварената средба со Ахмети .

Претходно движењето Анти Коцкање оствари средба со Беса и Алијансата за Албанците, кои го подржаа нивниот прелдог закон, казината и обложувалниците да бидат оддалечени најмалку 3 километри од населени места. До петок од движењето очекуваат да остварат средба со лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.