СДСМ: Се работи домаќински, инвестицискиот циклус во инфраструктурата годинава се интензивира – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/19 4:05 PM

СДСМ: Се работи домаќински, инвестицискиот циклус во инфраструктурата годинава се интензивира

СДСМ попладнево со писмено соопштение реагираше на прес конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Во соопштението наведуваат дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се направени такви пропусти на автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип, што тоа граѓаните ги чини дополнителни стотици милиони евра.

Социјалдемократите тврдат дека инвестираат во развој на инфраструктурата и сметаат дека работат домаќински. Тоа според нив, во 2018 резултирало со изградени и реконтруирани над 60 патни правци низ целата држава.

Инвестицискиот циклус во инфраструктурата продолжува и се интензивира во 2019 година кога се предвидени изградба и рехабилитација на патишта и автопати во вкупна должина од над 770 километри со вредност од околу 1,2 милијарди евра – се вели во реакцијата на СДСМ.