ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев, Кочо Анѓушев и Горан Сугарески треба да се засрамат и да прекинат да промовираат проекти на претходната власт – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/19 3:59 PM

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев, Кочо Анѓушев и Горан Сугарески треба да се засрамат и да прекинат да промовираат проекти на претходната власт

Власта да прекине да промовира проекти на ВМРО-ДПМНЕ, побараа денеска од партијата.
Партискиот портпарол, Димче Арсовски им порача на премиерот, Зоран Заев, неговиот заменик, Кочо Анѓушев и на министерот, Горан Сугарески дека треба да се засрамат.

СДСМ нема ниту 50% реализација на капиталните инвестиции кои самите ги проектираа на почетокот на годината – посочи денеска Арсовски на прес конференција.

„Овие неработници потрошија неполна година стопирајќи се што беше започнато од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, за сега повторно да ги продолжат истите проекти и да ги промовираат. Автопатот Миладиновци – Штип е патен правец кој повеќе од половина беше изграден во време на ВМРО-ДПМНЕ, автопатот Кичево – Охрид исто така беше оставен во напредна фаза на реализација. Сите останати зафати надвор од предвиденото што се правеа од оваа Влада на овие делници, како што пишуваа медиумите беа само дополнителен сомнеж за испумпување финансиски средства од дополнителната изградба“, изјави тој.

„За волја на вистината лажат и за експресните патишта. Се фалат со проекти на ВМРО-ДПМНЕ, дел со изработени физибилити студии, а дел и со почната изградба, а дел како патните правци, Ранковце – Крива Паланка, Градско – Прилеп и Штип – Кочани кои што исто така се од страна на ВМРО-ДПМНЕ се реализирани. Да се разбереме. СДСМ не гради 770 километри патна мрежа низ Македонија, СДСМ само ја доградува патната мрежа која беше однесена во напредна фаза на реализација од страна на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ“, тврди Арсовски.