Кој е пензионерот Тони кој стана хит со советот за грип?(ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/19 3:11 PM

Кој е пензионерот Тони кој стана хит со советот за грип?(ВИДЕО)

Хрватот Талат Сулејмани со прекар Тони, е главна фаца на најпопуларното видео деновиве, каде вели дека само со вежби и физичка активност се победуваат болестите.

Има 82 години и 70 килограми и никогаш во животот не држел диети. Никогаш не се лишувал од благо, а обожава баклава. Заедно со сопругата во младоста биле манекени.

-Цел живот вежбам по два – три часа, секој ден, вели Тони за хрватскиот весник Вечерњи лист.Признава дека не се дружи со пензионери во соседството, бидејќи е сосема различен од нив.

Целосното видео по кое Тони стана популарен и во Македонија.

-Најмногу ме навредува кога некој ќе ми викне „момче“. Момчињата се никакви. Ним им порачувам да бидат силни, цврсти и здрави. Откажете се од цигарите, јади тоа што ти душа сака. Нема диети, тоа не постои, смета Тони.

Славата на Тони не од виралното видео. Тој и неговата сопруга биле многу познати во младоста. На прашањето за вечна љубов вели:

-Не постои тајна на вечната љубов. Ако сакаш да се жениш, да бараш љубов, таа трае пет години, беше јасен Тони.

Повеќе за Тони од разговорот со новинарката на Вечерњи лист: (ВИДЕО)