Точно по една година од првото намалување на сметките за вода за 5% штипскиот градоначалник Благој Бочварски,денеска најави ново пет процентно намалување.За домаќинствата цената ќе биде 31,96 денари за метар кубен, за правните лица 49,94 денари за метар кубен.
Тоа според Бочварски значи за 10% поевтини сметки за вода во однос на 2017 година.

За штипската опозиција сето ова значи уште една манипулација со штипската јавност.Најавата дека водата се намалува за 10 % е популистичка и нереална.
Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ се вели дека тоа се потврдува од сметките за вода кои се испорачуваат до домовите и компаниите. На нив се гледа вистинската слика – сметките се неколкукратно зголемени, затоа што е зголемена ставката за наплата на смет. Тоа значи дека и покрај намалувањето на цената за вода, сметката е повисока, а граѓаните плаќаат повеќе за смет и ѓубретарина!
На прес-конференцијата тоа го презентираа и со примери.

ВМРО-ДПМНЕ помеша метри квадратни со денари,одговорија од општината.На двете сметки јасно се гледа дека се работи за различна квадратура на објект.На првата сметка се работи за површина од 120 m2, додека на втората за површина од 350m2.Од сметките се гледа во втората колона дека цените за смет и јавна чистота остануваат исти,се вели во реакцијата од општината.


