Малолетник избегал од „Ранка Милановиќ“, ја истепал мајка му, па со нож се заканувал на продавачка – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/19 1:29 PM

Малолетник избегал од „Ранка Милановиќ“, ја истепал мајка му, па со нож се заканувал на продавачка

 

Вчера попладне во Полициската станица Гази Баба од Јавната установа „Ранка Милановиќ“ пријавиле дека истиот ден во претпладневните часови нивен седумнаесетгодишен штитеник самоволно ја напуштил установата.

Еден час подоцна, во Полициската станица Кисела вода пак, четириесет и седумгодишната мајка на момчето пријавила дека тој ја нападнал. Во меѓувреме, во истата полициска станица, триесет и деветгодишна скопјанка пријавила дека во продавница на улица „Христо Татарчев“ додека била на работното место малолетникот влегол со нож во раката и упатил вербални закани.

По преземени мерки од полициски службеници лицето било приведено. Малолетникот веќе е вратен во установата од каде се оддалечил, а по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.