Затвореник починал откако се обидел да се обеси – ММС
ММС

Објавено на: 01/22/19 1:26 PM

Затвореник починал откако се обидел да се обеси

Затвореник во КПД „Идризово“ се обидел да се обеси со ремен, но другите затвореници го спречиле. И покрај ова, на пат кон комплексот клиники „Мајка Тереза“ тој починал.

МВР денеска соопшти дека се работи за четириесет и петгодишен маж од Кавадарци, со иницијали Г.Н.

Случајот во полиција вчера попладне го пријавил вработен во затворот. За овој случај известен е и јавен обвинител, кој наредил обдукција на телото на починатиот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.